Vesna Besiç
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
ВИТЛЕЕМ (АА) - Во Витлеем на Западниот брег е отворен хотел „The Walled Off" кој од четири страни е опколен со ѕид на поделба, јавува Anadolu Agency (AA).
Хотелот е изграден наспроти ѕидот на поделба помеѓу Израел и Западниот брег. Проектот за хотелот го направи познатиот уличен уметник Банкси.
Хотелот на посетителите им пружа прилика да се обидат да го разберат животот на Палестинците зад ѕидот на поделба и на окупираната земја.
Израел, наведувајќи ја како причина загриженоста за безбедноста, во 2002 година започна со изградба на ѕидот на поделба во должина од 650 километри помеѓу Западниот брег и Израел.
Изградбата на ѕидот започна уште додека на власт беше Ариел Шарон.