Vesna Besiç
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Извалканите и изморени лица ја покажуваат вистинската состојба на авганистанските бегалци во бегалските населби во близина на пакистанскиот главен град Исламабад. Во овие населби тие престојуваат неколку години, а и денес трае нивната борба за опстанок.
Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалците (УНХЦР), во Пакистан има 1,3 милиони регистрирани авганистански бегалци. Меѓутоа, пакистанските официјални лица тврдат дека во земјата се наоѓаат уште милион нерегистрирани авганистански бегалци.
Авганистан е познат како земја што од 1979 година е зафатена со војна, тероризам и борби за власт, а дел од „среќните“ жители на таа земја успеаја да побегнат во соседен Пакистан.
Првиот бран авганистански бегалци пристигна во Пакистан за време на 80-тите, бегајќи пред репресијата на руските окупациски сили. Во Пакистан, во многу тешки услови живеат 1,4 милиони нерегистрирани бегалци од соседен Авганистан. Тие живеат во изолирани бегалски кампови, и иако значаен дел од нив се родиле и во последните 30 години живеат во Пакистан, властите и понатаму ги сметаат за бегалци.
Фоторепортерот на АА посети еден таков камп, каде што ги забележа тешките услови во кои преживуваат авганистанските бегалци. Децата се во кал, извалкани, но со насмевки на лицето. Вода и кал околу секоја куќа е нивното секојдневие.