Ayşe Sarıoğlu
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
АНКАРА (АА) – Истражувањата открија дека дивите африкански слонови се цицачи што најмалку спијат, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“, научниците кои ги истражувале дивите слонови во Боцвана, во јужниот дел на Африка, откриле дека овие слонови спијат по 2 часа дневно во нивната природна средина.
Женките слонови кои се водачи на семејството, понекогаш и со денови остануваат будни. Тие само еднаш во текот на 3-4 дена поминуваат во РЕМ фазата на спиење, која е фаза на сонување.
За да ги следат во нивната животна средина од далечина, научниците поставиле уреди под кожата на овие слонови, а тие се активираат кога слоновите не прават движења повеќе од 5 минути.
Во истражувањето е користен жироскоп, за да се утврди правецот и позицијата при спиењето на овие животни.
На крајот од 5-неделното следење било забележано дека дивите слонови можат со денови да останат будни. Доволни им се само 2 часа спиење, и само еднаш на 3-4 дена поминуваат во РЕМ фазата на спиење, за разлика од другите слонови кои во заробеништво, како во зоолошките градини спијат од 4 до 6 часа дневно.
Еден од истражувачите, Пол Менгер, професор на универзитетот „Витватерсранд“ во Јужна Африка, истакна дека во однос на спиењето, слоновите се уникатни.
„Слоновите се цицачи што најмалку спијат. Можеше да се забележи дека сонуваат на секои 3-4 дена. Фактот дека овие слонови ретко спијат, а се познати по својата силна меморија, може да поттикне повторно испитување на теориите за тоа дека меморијата се складира за време на РЕМ фазата“.