Muhammed Enes Çallı
12 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Трет авион со хуманитарна помош и спасувачки екипи од Туркије полета за Либија, која беше погодена од разорни поројни поплави предизвикани од бурата Даниел, јавува Анадолу.
„Продолжуваме да испраќаме тимови за пребарување и спасување и помош во пријателската и братска земја Либија“, соопшти Министерството за одбрана на Република Туркије.
Локалните власти објавија дека бројот на загинати од последиците од бурата Даниел и поплавите во источна Либија надминал 3.000.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) објави дека најмалку 10.000 луѓе се водат како исчезнати во поплавите во Либија.
Бурата Даниел во неделата зафати неколку области во источна Либија, меѓу кои и градовите Бенгази, Ал Бајда и Ал Марџ, како и Суза и Дерна.
Шефот на либиската Влада со седиште во Триполи, Абдулхамид Дбеибех, ги прогласи сите области погодени од невремето и поплавите за „зони на катастрофа“.
Либиските власти прогласија вонредна состојба во земјата. Наставата во сите државни и приватни образовни установи е прекината и побарана е меѓународна поддршка.