Топла оаза среде снегот: Термалниот базен во турски Ван привлекува посетители и на –30 степени
- Во област каде што температурата паѓа под нулата, граѓаните пливајќи во топлите води наоѓаат пријатно прибежиште под отворено небо
ВАН (АА) – НЕЏМЕТИН КАРАЏА
Во Општина Ерџиш, во турската област Ван, се наоѓа базен од отворен тип, изграден токму на местото каде што извираат термални води, со што привлекува голем број посетители, пишува Анадолу.
Жителите на населбата Доганџи, која спаѓа во општината, околу изворот на термалните води со заеднички труд изградија ѕид и направија базен.
Во област каде што температурата паѓа под нулата, граѓаните пливајќи во топлите води наоѓаат пријатно прибежиште под отворено небо.
Во пејзаж каде што снегот се меша со пареата што се издигнува од топлата вода, посетителите имаат можност да поминат време во непосреден контакт со природата.
„Нашиот народ смета дека водата има лековити својства и многу е задоволен.“
Одговорниот на населбата Догандџи, Шахабетин Ѓунеш, за AA изјави дека бањата претставува важен природен ресурс за локалното население и посетителите.
Ѓунеш истакна дека во таа област во зимските месеци температурата паѓа под нулата до околу -30 степени:
„Има посетители од Ерџиш и од околните градови. Нашиот народ смета дека оваа вода има лековита моќ и е многу задоволен. Овој простор го уредивме со сопствени ресури, со заеднички труд, а околу него изградивме ѕид од блокови за да биде достапен за користење. Во моментов жителите на селото и посетителите ја користат оваа лековита вода. Се надеваме дека овој дел ќе се прошири, ќе се трансформира во модерен објект и ќе придонесе за туризмот.“
Ѓунеш истакна дека и покрај снегот и студеното време во зимските месеци, луѓето доаѓаат во селото за да го користат базенот, додавајќи: „Капењето во топла вода под снег е добро за здравјето и тоа е уникатно искуство во непосреден контакт со природата. Бањата не е привлечна само за локалното население, туку стана атракција и за посетителите од цела Турција.“
- „Дојдов летоска, но во зима е уште поубаво” -
Мехмет Насир Чакр, кој дојде од Истанбул, рече дека ја посетил бањата со лековита вода поради пукање на менискусот на коленото и губење течност.
Чакр, кој ја потврди лековитата моќ на водата, изјави: „Би било многу корисно ако бањата се развие во поголем комплекс, можеби хотел или термален центар. Ова е навистина прекрасна средина. Поради лековитите својства е корисно и за луѓе со повреди на телото. Дојдов и летоска, но во зима е уште поубаво.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
