Ayşe Yıldız
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
АНТАЛИЈА (АА) - Раководителот на Одделот за трансплантација во приватна болница во Анталија, проф. д-р Алпер Демирбаш, истакна дека Турција е земја во Европа во којашто има најмногу трансплантации на органи, јавува Anadolu Agency (AA).
Демирбаш, на прес-конференцијата одржана во зградата на болничкиот комплекс, рече дека во болницата за 11 години се извршени 500 трансплантации на црн дроб, 5.028 на бубрези и 30 трансплантации на панкреас.
Истакнувајќи дека многу земји во Европа не можат да ги постигнат овие бројки, Демирбаш рече дека постепено се намалува бројот на пациентите кои умираат како резултат на трансплантација.
Посочувајќи го значењето на трансплантацијата за животот на луѓето, Демирбаш нагласи: „Турција е земја во Европа во којашто има најмногу трансплантации на органи. Турција е најважната земја во светот во трансплантацијата на органи. Покрај трансплантацијата, се подготвуваат и научни трудови кои се објавуваат на меѓународната арена. Бидејќи донацијата на мртви тела е многу мала, трансплантацијата најмногу се врши од жив дарител.“
Демирбаш рече дека досега, само тој учествувал на 6.350 трансплантации на бубрег и дека е многу среќен што ги одржуваат луѓето во живот.
- Дискусии за вештачки органи
Демирбаш во своето обраќање се осврна и на донирањето органи.
„Имаме интересна ситуација. Во западните земји донацијата на органи од мртви тела се зголемува, на истокот бројката се намалува. На пример: Во Јапонија и Кореја донацијата е нула, во Турција 7, во Грција околу 6-7, Шпанија 30. Географијата всушност одредува сè. Ова сега веќе не спаѓа во областа на медицината, туку во област од интерес за научниците од социјалната сфера“, потецираше тој.
Демирбаш во однос на вештачкото производство на органи и нивната трансплантација рече дека во блиска иднина тоа не е можно да се спроведе и дека човечките органи не може да се направат со друга метода.
Доц. д-р Ибрахим Алиосманоглу, одговорен за трансплантација на црн дроб во болницата, рече дека направиле важни чекори во трансплантацијата на органи и дека достигнатата точка е многу значајна.