Ekipa
15 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
ХАТАЈ (АА) - Во нападите од подрачјето на сирискиот Африн, кое е под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК, на турските единици во Хатај и Килис, изведени за 2,5 години, загинаа двајца војници, а еден е ранет, пишува Anadolu Agency (AA).
Податоците со кои располага АА покажуваат дека припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК, сместени во Африн, за речиси 2,5 години изведоа десет напади врз единиците во Хатај и два напада на единиците во Килис.
Турската страна, во согласност со меѓународните правила, одговори и притоа неутрализира голем број терористи.
- Во Хатај загинаа двајца војници -
Во нападите на терористите на Хатај, кој се наоѓа на границата со Сирија, загинаа двајца турски војници, а причинета е материјална штета на објектот на граничните единици.
Во септември 2015 година, во отворен оган од правец на Сирија ранет е еден турски војник кој подоцна, и покрај напорите на лекарите, им подлегна на повредите.
И на 8 септември 2016 година отворен е оган врз граничните единици сместени преку патот на таканаречениот кантон Африн во Сирија. Турција на овој напад одговори со иста мера.
На истите единици изведен е напад и на 27 април 2017 година.
Од подрачјето под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК на 22 март 2017 година извршен е напад врз единиците во Рејханли, во кој загина еден турски војник.
Покрај тоа, на турските сили за безбедност изведени се уште неколку напади во април и јуни 2017 година.
- Во нападите во Килис ранет е еден војник -
Откако припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК изведоа напади врз граничните единици во Килис, турската страна на 15 февруари 2016 година одговори со напад врз упориштата на терористите во Азаз.
Еден турски војник беше ранет откако на граничните единици е пукано од правец на Африн, на што одговорија припадниците на Турските вооружени сили.