Merve Yıldızalp
15 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, го оцени како непријателски фактот дека некоја од членките на НАТО, наместо да ги штити границите на своите сојузници, од другата страна на границата формира воена формација од терористички елементи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Што значи тоа? Тоа значи криење зад терористичка организација и создавање непријателство кон Турција. Тоа поинаку не може се нарече. САД треба да се откажат од овој лажен чекор“, рече Јилдирим.
Американскиот воен официјален претставник Рајан Дилон, во неделата изјави дека меѓународната Коалиција против ДЕАШ предводена од страна на САД, ќе формира нова Гранична сила за безбедност (BSF) од 30.000 припадници заедно со Сириските демократски сили (SDF), којашто е група контролирана од страна на терористичката организација ПКК/ПИД.
Американскиот претставник додаде дека околу 230 луѓе се вклучени во нивната обука и дека крајната цел е војската да собере 30.000 членови.
Турција го осуди овој потег, истакнувајќи дека е погрешно и контроверзно да соработува со терористичката организација ПКК/ПЈД во борбата против ДЕАШ.
ПЈД/ЈПГ е сириски огранок на ПКК која е на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ).