Mehmet Kemal Firik
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
ХАТАЈ (АА) - МЕХМЕТ КЕМАЛ ФИРИК - Најмалку петмина цивили загинаа, а 73 лица се ранети во вкупно 52 ракетни и еден минофрлачки напад кој терористите на ПЈД/ПКК во изминатите 11 дена ги извршија врз турските погранични подрачја на Килис и Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили на 20 јануари ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“ со цел неутрализирање на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во сириското погранично подрачје на Африн. Оттогаш, терористите од тоа сириско подрачје извршуваат постојани напади врз цивилите во турските погранични региони.

Терористите во тој период фрлија 22 ракети на центарот на градот Килис, а 30 ракети и две гранати на градовите Рејханли, Хаса и Кирикхан во областа Хатај.
Во нападите загинаа вкупно пет цивили, меѓу кои двајца бегалци од Сирија, а ранети се најмалку 73 лица, меѓу кои има и деца.
Населбите во Рејханли се ракетирани во 28 наврати, а на периферијата на Хаса паднаа две ракети, додека еднаш беше гранатиран и Кирикхан.
Во нападите во Рејханли загинаа двајца, а во Кирикхан еден цивил. Ранети се вкупно 51 цивил во Хатај. Уништени се 11 куќи, 15 деловни простори и 20 возила.
Центарот на Килис и тамошните цивили беа исто така цел на терористите на ПЈД/ПКК, кои пред ослободувањето на брдото Бурсеја во 22 наврати го ракетираа тој град.
Во нападите во Килис загинаа двајца, а ранети се 22 цивили. Уништена е џамија, пет куќи и шест возила.
Теористите на 24 јануари со ракета ја погодија џамијата Чалик во центарот на Килис, а во нападот животот го загубија двајца верници кои во тие моменти извршувале молитва.