Mümin Altaş
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Извршниот комитет за одбранбена индустрија на Република Турција на состанокот одржан денес расправаше за 55 проекти во вредност од 9,4 милијарди долари, од областа на одбранбената идустрија, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на Извршниот комитет, со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беа донесени и нови одлуки во врска со проектите чија цел е додатно зајакнување на турските сили во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, Сирија.
„На состанокот стана збор за 55 проекти во вредност од 9,4 милијарди долари. Разгледани беа и одредени инвестиции со цел додатен развој, зајакнување и поддршка на одбранбената индустрија“, се наведува во соопштението на Кабинетот на турскиот претседател.