Sarp Özer
13 Јуни 2019•Ажурирај: 15 Јуни 2019
АНКАРА
Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, оствари телефонски разговор со вршителот на должноста шеф на Пентагон, Патрик Шанахан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, Акар, за време на телефонскиот разговор ја изразил загриженоста во врска со пристапот во писмото испратено до него од страна на неговиот американски колега, кој не е во согласност со духот на сојузништвото.
„За време на разговорот беше разговарано пред сѐ за Ф-35, како и за билатералната безбедносна и одбранбена соработка меѓу САД и Турција. Во разговорот двајцата министри се согласија да се состанат во рамки на продолжување на дијалогот на Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО кој ќе се одржи во Брисел“, се вели во ова соопштение.