Adsız Günebakan,İrfan Aydoğdu
20 Август 2022•Ажурирај: 22 Август 2022
Во сообраќајна несреќа што се случи во турската југоисточна област Газиантеп, загинаа 16, а повредени се 21 лице, соопштија властите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Додека тимот на пожарникари и медицинската служба интервенирале по сообраќајната несреќа на автопатот Тарсус - Адана - Газиантеп, патнички автобус што се превртил и се влечел десетици метри, удрил во пожарникарите и во возилото на турската новинска агенција ИХА.
Меѓу загинатите се наоѓаат и тројца пожарникари, четворица членови на медицинскиот персонал и новинарите на ИХА, Мухамед Абдулкадир Есен и Умут Јакуп Танриовер.
Гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул, во изјава за медиумите истакна дека првата сообраќајна несреќа се случила околу 10:45 часот наутро.
Сите повредени се пренесени во болница.