Aysu Biçer
22 Август 2022•Ажурирај: 24 Август 2022
АНКАРА (АА) - Туркије привлече над 23 милиони странски посетители во првите седум месеци од годината, што е годишен пораст од 128, 28 отсто, покажаа официјалните податоци денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Германците го сочинуваа најголемиот дел од странските посетители во периодот јануари-јули со речиси 3 милиони пристигнувања, што е зголемување за 137,36 отсто во споредба со истиот период минатата година, објави турското Министерство за култура и туризам.
По нив следуваат Русите со 2,1 милион и Британците со 1,8 милиони. Со вклучување и на турските државјани кои живеат во странство, а кои исто така ја посетиле земјата во истиот период, се добива бројка од 26,1 милион посетители, информираше турското Министерство.
Истанбул, најголемиот град во Туркије по население и главната туристичка дестинација, пречека или 8,5 милиони гости, или 36,9 отсто од вкупниот број на странски посетители.
Познатиот турски туристички град Анталија го зазеде второто место со 27,6 отсто или повеќе од 6,3 милиони туристи. Областа Едрене во северозападна Туркије, која се граничи и со Бугарија и со Грција, ја посетија 10,9 отсто од посетителите или 2,5 милиони гости.
Приходите од туризмот во период во април-јуни изнесуваат 8,72 милијарди долари, штое зголемување од 190 отсто во однос на истиот период претходната година, покажуваат податоците на Турскиот институт за статистика (ТуркСтат).
Министерот за култура и туризам, Мехмет Ерсој, неодамна изјави дека земјата оваа година има за цел од туризмот да оствари приход од 37 милијарди долари и да пречека 47 милиони гости, зголемувајќи ги претходно зададените целите, кои изнесуваа 35 милијарди долари и 45 милиони гости.