Ekipa
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а 18 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на патниот правец Анкара-Коња во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Возачот на автобусот изгубил контрола над возилото откако се обидел да избегне крава која се испречила на патот
На местото на несреќата пристигнаа голем број медицински, противпожарни и полициски екипи.
Од вкупно 44 лица во автобусот загинаа четири, а во болница се пренесени 18 повредени.
Паралелно со ова, во моментите кога им се укажуваше помош на повредените патници од автобусот, еден автомобил удри во паркираните возила и притоа повреди четири лица. Неодговорниот возач удри во автомобилот на репортерската екипа на новинската агенција Ихлас (IHA). Возачот кој беше во пијана состојба е уапсен.