Турција

Снежна скулптура во Карс во чест на 111-годишнината од Битката кај Сарикамиш

Скулптурата ќе биде изложена за време на комеморативните настани што ќе се одржат на 3 и 4 јануари во округот Сарикамиш, со кои се одбележува судирот меѓу Османлиската и Руската Империја

Aida Cako  | 01.01.2026 - Обновена : 01.01.2026
Снежна скулптура во Карс во чест на 111-годишнината од Битката кај Сарикамиш Фото: Özgen Beşli/AA

КАРС (AA) – Изработката на снежна скулптура беше завршена во вторникот во источниот турски град Карс, по повод одбележувањето на 111-годишнината од Битката кај Сарикамиш за време на Првата светска војна, јавува Анадолу.

Скулптурата ќе биде изложена за време на комеморативните настани што ќе се одржат на 3 и 4 јануари во округот Сарикамиш, со кои се одбележува судирот меѓу Осмалиската и Руската Империја.

Уметничкото дело ги симболизира османлиските војници кои загинале пред 111 години во планините Алахуекбер, од кои голем број ги загубиле животите поради екстремно суровите зимски услови и ниските температури.

За време на битката, која траела од декември 1914 до јануари 1915 година, загинале десетици илјади османлиски војници, предводени од тогашниот министер за војна, Енвер-паша.

Османлиските сили ја започнале офанзивата во близина на источниот град Карс со цел ослободување на териториите кои во тој период биле под руска окупација, но операцијата завршила со големи човечки загуби, главно како последица на тешките зимски услови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.