Cüneyt Çelik
31 Декември 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2022
КАРС
Посетителите на езерото Чилдир во Карс чија површина е целосно замрзната, уживаа во мразот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Езерото Чилдир, кое се наоѓа меѓу градовите Карс и Ардахан, а чија површина е целосно покриена со мраз поради студеното време во последните денови, во последниот ден од 2021 година беше домаќин на локални туристи и граѓани во регионот.
Во регионот каде што температурата на воздухот се спушта до 20 степени под нулата, туристите се прошетаа со санки по езерото бидејќи дебелината на мразот ја достигна посакуваната дебелина.

Некои од посетителите се забавуваа лизгајќи се по езерото со своите санки, а други, пак, прошетаа околу езерото.
Алтан Демир, посетител од Измир, во изјавата за дописникот на Агенција Анадолија (АА) рече дека во регионот се дојдени за одмор.
„Сакавме да го видиме езерото Чилдир, чудото на природата, имавме слушнато дека замрзнува, но досега немавме можност да дојдеме да го видиме. Сега за првпат се наоѓаме врз мразот на езерото. Местото е многу забавно, им препорачувам на сите да дојдат овде“, нагласи Алтан Демир.
Нагласувајќи дека е возбуден бидејќи стои на мраз, Демир рече: „Се скијавме и со санки со коњ, беше многу забавно. Бев возбуден кога првпат застанав на мразот. Кога си на замрзнатиот мраз, те возбудува кога ќе помислиш на длабочината на езерото. Ова место е навистина прекрасно.“

Гизем Демир истакна дека имале поинакво искуство врз езерото, чија површина е покриена со мраз, и дека се воодушевени од неговиот изглед.
Дурал Дашдемир, сопственик на санки со коњи, рече: „Во моментов, мразот на површината на езерото Чилдир е речиси како стакло. Нашите клиенти кои доаѓаат на езерото се многу задоволни од оваа ситуација. Го поминуваме времето со туристите и ловиме риби како Ескимите.“
