Gökhan Ergöçün
19 Февруари 2020•Ажурирај: 20 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Агенција Анадолија доби награда од Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели (WBAF) за време на Светскиот конгрес 2020.
На дводневниот Конгрес, познат и како „Давос“ на инвестициите во рана фаза и на пазарите на капитал, присуствуваа учесници од вкупно 92 земји, на којшто имаа излагања 132 меѓународни говорници на 24 панели, меѓу кои и ангели-инвеститори, креатори на политики, претприемачи и бизнис-лидери.
Стотици делегати присуствуваа на настанот што заврши синоќа, а Агенција Анадолија беше глобален комуникациски партнер на Конгресот.
Али Туркер Пиртини, член на Одборот на Агенцијата, ја прими наградата во име на Агенција Анадолија.
Пиртини потсети дека Турција е четврта по големина земја за инвестиции на бизнис-ангелите во Европа и дека земјата ќе има уште повеќе инвестиции во областите како што се иновациите, технологијата и дигитализацијата преку ангел-инвеститорите.
Бајбарс Алтунташ, претседателот на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели, ја пофали Агенција Анадолија како една од водечките новински агенции во светот.
„Агенцијата го покриваше Конгресот со екипа од 24 члена и придонесе преку известување за настанот на осум јазици“, додаде тој.