Vesna Besiç
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
КАПАДОКИЈА (АА) - Кападокија, која се наоѓа во општината Гореме во Турција, е една од најпопуларните туристички дестинации во Турција, каде што се спојува убавината на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите пејзажи во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Местото ги доби најубавите бои на пролетта во кој уживаат голем број туристи од целиот свет. А посебно искуство за нив е дека ова место, кое е на листата на светските наследства на УНЕСКО, може да се види од балони, кои се главна атракција во овој туристички центар.
Балоните летаат над Невехир уште од 1988 година. Временските услови во оваа област овозможуваат да летате со балон околу 300 дена во годината.
Во градот Гореме живеат 2.100 лица. Наутро, понекогаш се случува на небото да летаат и до 100 балони. Во секој балон може да летаат до 20 лица. Годишно Кападокија ја посетуваат околу 2,5 милиони туристи.
Додека геолошките движења формираат бели вилински оџаци, луѓето низ историјата оставиле траги од сопствената цивилизација, преку градење на ѕидовите на куќите претворајќи ги во ремек-дело на човековата цивилизација.