Турција

Претседателот на турскиот Парламент, Шентоп: „Ерменија врши воено злосторство“

- Шентоп: „Военото злосторство треба да го види целиот свет. Го гледа, но треба и да го искаже својот став. Земјите копретседавачи на Групата Минск на ОБСЕ треба да ги осудат нападите врз цивилите. Тие што молчат се партнери на злосторствата“

Ruslan Rehimov  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
Претседателот на турскиот Парламент, Шентоп: „Ерменија врши воено злосторство“

БАКУ 

Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, истакнувајќи дека Ерменија со напаѓањето на цивилите врши воено злосторство, рече: „Военото злосторство треба да го види целиот свет. Го гледа, но треба да го каже и да искаже јасен став. Земјите копретседавачи на Групата Минск на ОБСЕ треба да ги осудат нападите врз цивилите. Тие што молчат, ќе бидат партнери на злосторството што се прави“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Парламентот на Турција, Шентоп, во Азербејџан, каде што допатува за официјални разговори, даде изјава за дописникот на АА.

Истакнувајќи дека терористичките структури поддржани од Ерменија постојано напаѓаат цивилни населби во Азербејџан, Шентоп рече дека затоа азербејџанската Армија започнала операција за спасување на своите територии.

Шентоп, исто така, нагласи дека азербејџанската Армија во своите операции дејствувала во согласност со меѓународното право и дека се бори само против воени цели.

Потсетувајќи дека ерменските сили бомбардираат цивили, Шентоп нагласи: „Азербејџан дејствува во согласност со меѓународното право и воената етика. Ерменија не го прави тоа. Апсурдно е да се очекува од една држава што не се придржува до законите за војна и која бомбардира цивили да се придржува до прекинот на огнот.“

Шентоп, исто така, го оцени нападот на Ерменија врз Ганџа.

„Тоа е воено злосторство според Женевската конвенција. Военото злосторство треба да го види целиот свет. Го гледа, но треба да го каже и да искаже јасен став. Земјите копретседавачи на Групата Минск на ОБСЕ треба да ги осудат нападите врз цивилите. Тие што молчат, ќе бидат партнери на злосторството што се прави“, нагласи претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.