СКОПЈЕ
Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп предупредувајќи ги пријателските земји во врска со терористичката организација ФЕТО изјави „Овие организации се како подмолна змија“, известува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп кој престојува во официјалната посета на Северна Македонија по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, во Скопје се сретна со новинарите.
Во своето обраќање Шентоп ја истакна важноста на 21 декември, Денот на наставата на турски јазик и рече дека тој учествувал на овие прослави пред да влезе во политиката и дека исто така доаѓал тука како академик во минатото.
Наведувајќи дека меѓународните состаноци се одржуваат со видео конференција што е можно повеќе поради пандемијата, Шентоп изјави „И ние одржавме голем број состаноци на овој начин, но не е добро да ги прекинуваме меѓународните контакти и посети во целост.“
Изјавувајќи дека иако го намалиле бројот на состаноци одржани во физичката средина, Шентоп рече дека сепак продолжиле да го прават тоа во некои прилики и додаде „Сметав дека оваа посета ќе биде добра како за нас, така и за нашите познаници, пријатели, браќа и сестри кои живеат тука и за нашите соговорници. Имавме многу продуктивни преговори и на состаноците одржани овде и на состаноците со нашите соговорници. Направивме проценка за односите меѓу двете земји, за регионалните прашања и за случувањата во светот преизвикани поради пандемијата.“
- Целта за обемот на трговијата е 1 милијарда долари
Истакнувајќи дека Турција е една од првите земји што ја призна Република Северна Македонија со нејзиното име и национален иденитет и со децении ја поддржуваa на сите меѓународни платформи, Шентоп продолжи со зборовите:
„(Турција) И сега продолжува со истата поддршка. За влезот во НАТО ја даде оваа поддршка. (Северна Македонија) Стана членка на Црноморската економска соработка. Турција ја даде својата поддршка и во овој процес бидејќи овие простори ги гледаме како братски и пријателски земји со кои имаме заеднички историски, културни и хуманитарни точки. И покрај состојбата со пандемијата, економските односите меѓу Северна Македонија и Турција се во добра состојба. Постои цел што ја поставивме тука; обемот на трговијата да надмине 1 милијарда долари. Се надеваме дека ќе можеме да ја постигнеме оваа цел за кратко време по процес на пандемијата. И нашите бизнисмени од Турција прават големи инвестиции во Северна Македонија. Турција е една од земјите со најголеми инвестиции тука. Разговаравме и за тоа како може да ја прошириме соработка во образованието, здравството, одбранбената индустрија и многу други полиња“.
- Пријателските земји на Балканот предупредени за ФЕТО
Истакнувајќи дека како што тоа е случај во значаен број земји од Балканот, така и во Северна Македонија ФЕТО е една од важните теми, Шентоп потсети дека во Турција и со судска одлука е утврдено дека оваа терористичка организација стои зад обидот за државен удар извршен на 15 јули 2016 година.
Зборувајќи дека во судските досиеја на Турција, има многу снимки, документи, аудио записи и преписки кои се доказ дека обидот за воен удар е направен од страна на ФЕТО, Шентоп рече дека Турција во голема мерка ја завршила борбата со оваа организации во рамките на правниот процес спроведен во сопствените граници.
Шентоп изјавувајќи дека тие знаат дека ФЕТО е активен во различни земји, продолжи со зборовите „Тие имаат некои активности во балканските земји и во Северна Македонија. Ние сакаме членовите на организацијата кои извршиле кривично дело да и бидат екстрадирани на Турција. Не сакаме тие да бидат сместени во нашите пријателски и братски земји. Оваа организација работи како продолжена рака на разузнавачките организации на некои различни земји и претставува закана за националната безбедност на земјите во кои делува.“
Шентоп истакна дека некои големи земји ваквите организации ги сметаат за „корисни“ и рече:
„Од време на време тие сакаат да ги користат кога е потребна операција. Затоа многу земји сугерираат ‘не ги допирајте’. Од целиот свет, ние го искусивме и го видовме тоа. Овие организации се како подмолна змија. И оние што ги држат во раце, кога ќе се укаже можност ќе ги каснат. Тоа е нивен обичај. Нивниот обичај е труење, убод. Тоа го прават при првата можност. Од таа причина, сметаме дека постои ризик за земјите во кои тие делуваат. Поради тоа ги предупредуваме пријателските и братските земји.“
Подвлекувајќи дека, без оглед на тоа за која земја од светот станува збор, ако некое лице или лица бидат прогласени за виновни како резултат на судење во рамките на правниот систем во таа земја, Шентоп истакна дека тогаш другите земји не треба да велат „Тие извршиле кривично дело во вашата земја, но ние треба да сочекаме, да видиме дали и кај нас ќе извршат кривично дело“ и додаде:
„Доколку се случи такво нешто, тогаш нема да биде можно да се бориме против тероризмот на меѓународната сцена.
Во таков случај, кога некои организации кои вршат злосторства во Ирак и Сирија ќе заминат во Франција или Германија, никој нема да може да каже „Тие сториле злосторства во Ирак, тие не сториле злосторства во нашата земја, и затоа можат да го продолжат својот нормален живот тука“. Од тој аспект, криминалното дело сторено во Турција, според системот за екстрадиција треба да биде доволен од аспект на секоја земја, во спротивно, нема да можеме да се бориме против тероризмот на меѓународна сцена. Ние од нашите соговорници во Северна Македонија побаравме во земјата да се отстрани присуството на членовите на организацијата ФЕТО и го повторивме нашето барање за екстрадиција во Турција на оние членови на организацијата кои сториле кривично дело во Турција, а се наоѓаат тука“.
- „Сакаме мирот овде да биде траен“
Забележувајќи дека Северна Македонија е земја во која луѓето од различни етникуми и религии живеат во мир, Шентоп истакна „Ние сакаме мирот, спокојот и радоста на соживот на луѓето од различна етничка припадност и религија да бидат трајни тука, да бидат стабилни. Го поддржуваме тоа и на многу места го покажуваме како пример“.
Изјавувајќи дека и тој самиот е правник, Шентоп ја истакна потребата големиот број напишани законски акти да бидат спроведени во живот и додаде:
„Од време на време можно да постојат проблеми по тоа прашање. Во Уставот, застапеноста на задниците од различни етникуми и религии на секое поле според нивната состојба и процентуалност е усвоена како главен принцип во согласност со правичноста. Сепак, во нашите разговори со луѓето со различно етничко потекло што живеат тука добивме одговор дека тоа не е случај во некои области. Дадени се некои статистички податоци кои покажуваат дека кога станува збор за жителите со турско потекло во земјата, нивната застапеност во јавниот сектор не е близу ниту до половина од стапката што се одредува според процентот на населението.“
Посочувајќи дека населението може со текот на времето да се зголемува и намалува, Шентоп рече „Постојат напори да се направи чекор во оваа насока со цел да се реализира застапеноста на секое поле, во согласност со Уставот и во согласност со правичноста.“
„Турција не е најбогата земја на светот, но е најдарежлива“
news_share_descriptionsubscription_contact


