Seyyid Emin
22 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
СКОПЈЕ (AA) - Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, продолжи со средбите на вториот ден од официјалната посета на Северна Македонија по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на турскиот Парламент заедно со делегацијата имаа средба со претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија и со членовите на Уставниот суд. По состанокот, направија заедничка спомен-фотографија.
Шентоп со неговата делегација го посетија и Камениот мост, што ги поврзува двете страни на реката Вардар и минува низ средината на главниот град, Скопје.
Потоа Шентоп и делегацијата беа придружувани од главниот советник на претседателот на Турција, Сабри Демир, и ја посетија Старата скопска чаршија.
Тие беа пречекани од граѓаните со голем интерес. Често застануваа и разговараа со граѓаните, а исто така не ја одбија и поканата за турски чај на еден од еснафите во чаршијата.
Шентоп со неговата придружна делегација го посети и Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ). Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, на претседателот на турскиот Парламентот му даде подарок.
Шентоп ќе учествува на свеченоста по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, што ќе се одржи во меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово.
За потсетување, Шентоп, кој вчера присуствуваше на централната програма по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, имаше средби со претседателот на Парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и со претседателот Стево Пендаровски.