Турција

Сириските племиња со реакции до ЈПГ/ПКК и до Ерменија

„Терористичките организации поддржани од Запад, како и секогаш и сега се наоѓаат на страната на Ерменија во нападите врз Азербејџан. Се наоѓаат и во другите земји, исто така и во Либија. Каде што има угнетувач, таму се и терористичките организации“

Rauf Maltaş, Mustafa Güçlü  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
Сириските племиња со реакции до ЈПГ/ПКК и до Ерменија Фото: Mustafa Güçlü/AA

ШАНЛИУРФА (АА) - Претставниците на 50 сириски племиња, кои се собраа во турска Шанлиурфа, реагираа поради нападите на терористичката организација ЈПГ/ПКК и на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Претставниците на 50 племиња од Сирија, кои се наоѓаат во Турција и се поврзани со различни градови на Сирија, се собраа во областа Каракопру и издадоа заедничка изјава.

Во име на племенските челници, изјавата ја прочита еден од челниците, Хасан Дугајм, кој истакна дека освен во Турција немаат доверба во ниту една земја сè додека не заврши војната.

Заблагодарувајќи се на хуманитарната помош на Турција, што оваа земја ја дава од почетокот на Граѓанската војна, Дугајм рече:

„Турција нè прими нас неселективно. Ова однесување на Турција нема да го заборавиме, историјата ќе го запише ова. Ние имавме многу проблеми. Асад нè прогонуваше. Затоа нашите луѓе заминаа од таму. Ние како сириски племиња се собравме да ги поддржиме племињата кои останаа во нашата земја.“

Дугајм, нагласувајќи дека повторно ќе се вратат во својата земја, рече:

„Секако еден ден во Сирија повторно ќе се подобрат работите. Терористичките организации поддржани од Запад, како и секогаш и сега се наоѓаат на страната на Ерменија во нападите врз Азербејџан. Се наоѓаат и во другите земји, исто така и во Либија. Каде што има угнетувач, таму се и терористичките организации, соработуваат со нив. Во моментот нашите браќа муслимани во Азербејџан минуваат низ тежок период поради нападите на Ерменија.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.