Турција

Есенски идилични сцени на планините во градот Агри во Турција

Природните убавини на местата со висока надморска височина, особено во планината Ѓунејкаја во областа Елешкирт, нудат незаборавен живописен пејзаж.

Abdullah Söylemez  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
Есенски идилични сцени на планините во градот Агри во Турција

АГРИ 

Со доаѓањето на есента, градот Агри во Турција се здобива со поинаква убавина благодарени на раскошните бои на дрвјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Природните убавини на местата со висока надморска височина, особено во планината Ѓунејкаја во областа Елешкирт, нудат незаборавен живописен пејзаж.

Лисјата на различните видови дрвја со доаѓањето на есента започнаа да пожолтуваат и да паѓаат.

Дрвјата кои станаа жолти, црвени, виолетови и зелени, фасцинираат со нивната привлечна убавина и наликуваат на уметничка слика.

Шарените дрвја на планините може да се видат и во регионот каде што се наоѓа Автопатот Агри - Ерзурум. Тие за возачите што возат по Автопатот нудат прекрасна глетка.

Нусрет Кахраман, кој беше дојден на пикник во планината, во изјавата за дописникот на АА рече дека областа за време на есента има посебна убавина.

Изјавувајќи дека уживаат да шетаат по разнобојните планини, Кахраман додаде: „Ние одвреме-навреме тука доаѓаме за пикник. Ова се места кои треба да се прошетаат и да се видат. На есен лисјата почнуваат да пожолтуваат и секое дрво си има различна боја.“

Дописникот на АА со дрон ја сними природната убавина што регионот ја добива со доаѓањето на есента.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.