Muhammed Yasin Güngör
25 Септември 2024•Ажурирај: 25 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Акциите на Израел против цивилите во Либан се „незамисливи“ и ја туркаат ситуацијата до „критична точка“, изјави денес претседателот на турскиот Парламент Нуман Куртулмуш пред руските пратеници, јавува Анадолу.
Обраќајќи се пред Советот на Федерацијата, Горниот законодавен дом на Русија, за време на официјалната посета на Москва, Куртулмуш предупреди дека овие акции дополнително го влошуваат досието на Израел за извршени злосторства во регионот.
За билатералните односи, турскиот официјален претставник повика на унапредување на односите меѓу Анкара и Москва за поттикнување на „мирот, единството, солидарноста и развојот“ во регионот.
Куртулмуш, исто така, изрази надеж за брзо повторно воспоставување на мировни преговори меѓу Русија и Украина.
Претседателот на турскиот Парламент во понеделникот допатува во Русија во официјална четиридневна посета на покана на шефицата на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко.