Ahmed Asmar
25 Септември 2024•Ажурирај: 25 Септември 2024
АНКАРА (АА) - Турски авион со хуманитарна помош пристигна денес во Либан, носејќи медицинска помош и материјали за поддршка на либанскиот здравствен сектор при тековните израелски напади во кои загинаа стотици лица, јавува Анадолу.
„Турскиот авион за медицинска помош испраќа порака за солидарност со нашиот (либански) народ пред бруталниот напад на Израел“, изјави за Анадолу либанскиот министер за здравство Фирас Абијад.
Израелската Армија започна бранови смртоносни воздушни напади во Либан од понеделникот утрото, при што според либанските здравствени власти загинале речиси 570 лица, а повредени се над 1.800.
Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Газа, во која од 7 октомври минатата година досега загинаа над 41.400 луѓе, главно жени и деца.
Меѓународната заедница предупреди во врска со нападите врз Либан, нагласувајќи дека тие ја зголемуваат можноста за регионално проширување на конфликтот од Газа.