Ekipa
12 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел најде локација за нова населба на Голанската Висорамнина која ќе биде именувана по американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Владата веќе ја пронајде локацијата за формирање на новата заедница на Голанската Висорамнина“, соопшти денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на неделниот состанок на Кабинетот.
„Името на населбата ќе биде доставено до Кабинетот за негово одобрување кога таа ќе се формира“, рече тој.
Според израелски извори, населбата ќе биде изградена во северниот дел на Голанската Висорамнина, и на почетокот таму ќе живеат околу 120 семејства.
На 21 март Трамп потпиша претседателски декрет со кој официјално ја призна окупираната сириска Голанска Висорамнина како израелска територија.
Израел окупираше околу две третини од поширокото подрачје на Голанската Висорамнина по војната на Блискиот Исток во 1967 година. Формално ја анектираше територијата во 1981 година - потег кој беше едногласно отфрлен од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
Советот за човекови права на ОН усвои резолуција во која се спротивставува на континуираната окупација на Голанската Висорамнина од страна на Израел.