Ekipa
12 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - За седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, ќе се снима документарен филм, кој, според пишувањето на некои светски медиуми, би можел да биде премиерно емитуван во декември оваа година.
Филмот е во режија на Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертонс, а проектот е поддржан од семејството на Шумахер. Во филмот ќе бидат прикажани интервјуа со неговиот татко, сопругата и децата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шумахер (50) доживеа сериозни повреди на главата кога падна за време на скијање на француските Алпи, и денес се наоѓа во сериозна здравствена состојба.
Од несреќата, тој никогаш не се појави во јавност.