Ekip
15 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Судот во Мјанмар изрече затворски казни од по два месеци за членовите на екипата на „TRT world“ (ТРТ ворлд), кои кон крајот на минатиот месец се приведени во главниот град Непид, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на ТРТ се наведува дека со цел да ја документира големата драма низ којашто минуваат араканските муслимани, во Мјанмар се наоѓа екипата на „TRT world“ (ТРТ ворлд), составена од новинарот Мок Чој, малезиски државјанин, камерманот Лау Хон Менг, државјанин на Сингапур, преведувачот Аунг Наинг Сое и возачот Хиа Тин, државјанин на Мјанмар, кои на 27 октомври 2017 година, во главниот град Непјидо биле приведени пред снимањето со дрон.
Официјалните претставници на Мјанмар објавија дека екипата на „TRT world“ е приведена поради „прекршување на Законот за воздухопловство при увоз и извоз“.
„И покрај тоа што екипата на „TRT world“ претходно детално го информираше Министерствто за информации на Мјанмар за работите околу подготовката на документарецот, четиричлената екипа на судот пред кој е изведена беше осудена на 2 месеци затворска казна", се вели во соопштението на турскиот јавен радиодифузен сервис ТРТ.
Судот објави дека казната е донесена поради „прекршување на Законот за воздухопловство“.
Освен тоа, како што стои во соопштението, екипата на „TRT world“ на 16 ноември 2017 година по вторпат ќе биде изведена пред суд поради „прекршување на Законот за воздухопловство при увоз и извоз“.
„'TRT world' ги користи сите свои можности за да им ја овозможи сета потребна правна поддршка на членовите на својата екипа, а и Министерството за надворешни работи на Турција стапувајќи во контакт со своите колеги од Мјанмар, побараа во рамките на правната основа, ослободување на членовите на екипата на 'TRT world' ",
Покрај ова, ТРТ ја следи ситуацијата на приведените членови на екипата на „TRT world“, и постојано е во контакт со семејствата на членовите на екипата, кои не се државјани на Република Турција.
„Би сакале уште еднаш да потсетиме дека ТРТ во различни делови од светот спроведува вести кои се фокусирани на луѓето и со светската јавност ја споделува реалноста пред која светот молчи, трудејќи се да ја исполни одговорноста што ја има кон целото човештво, без оглед на границите, а не само кон Турција и регионот", пишува во соопштението.