Hüseyin Burak Demirer
02 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Мик Шумахер, синот на познатиот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, од 2021 година ќе се натпреварува во тимот на Хаас Ф1, јавува Агенција Анадолија (AA).
Најавено е дека покрај рускиот возач Никита Мазепин во Хаас тимот во Формула 1 ќе биде германскиот пилот Мик Шумахер (21).
Според тврдењата на тимот, потпишан е повеќегодишен договор кој ќе важи од 2021 година со Шумахер, кој беше победник на Европското првенство во Формула 3 во 2018 година, додека оваа година тој е прв во ранг листата на возачи на Светското првенство во Формула 2.
Неговиот татко Михаел Шумахер (51) седумпати беше шампион во Формула 1. Тој на 29 декември 2013 година се поврди во несреќа при скијање на француските Алпи. Оттогаш, поголемиот дел од неговото тело е парализирано.