Mustafa Deveci
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили притворија 15 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Армијата на Израел се наведува дека во синоќешните рации во различни делови на Западниот Брег биле притворени 15 Палестинци под сомнение дека се „вмешани во терористички активности“.
Се вели дека Палестинците се пренесени во центарот за притвор во регионот.
Израелските сили често извршуваат рации во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни обвиненија приведуваат Палестинци.
Некои од Палестинците, вклучително и жени и деца, се држат во центрите за притвор со денови, по приведувањата кои станаа вообичаени во Западниот Брег и Источен Ерусалим.