Abdullah Doğan,Taner Aydin
03 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
КОЊА (AA) - Пакистанскиот премиер Имран Кан, кој на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган допатува во посета на Турција, денеска го посети музејот на Мевлана Џемалудин Руми во Коња, градот во кој Мевлана подолг временски период живеел и делувал, јавува Anadolu Agency (AA).
По доаѓањето во Коња, Кан на аеродромот во овој град го дочека гувернерот Џунејт Орхан Топрак. Кан потоа се упатил кон музејот на Мевлана, каде извршил молитва и добил информации за овој музеј.
По излегувањето од музејот, одговарајќи на новинарски прашања, истака дека прочитал значителен дел од овој истакнат суфиски поет и мислител.
„Јас не сум експерт за Руми, но прочитав доста негови книги. Руми е најголем претставник на суфизмот", порача Кан, додавајќи дека претходно повеќе пати доаѓал во посета на Турција и иако тоа и порано сакал да го направи, ова е негово прво доаѓање во Коња.