Duygu Yener
04 Јануари 2019•Ажурирај: 05 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, порача дека Турција ќе ја продолжи борбата против терористите кои сакаат да го нарушат мирот и безбедноста на народот на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар упати порака по повод Денот на сеќавањето на шехидите на Сарикамиш, поточно 104. годишнина од завршувањето на историската Битка на Сарикамиш, недалку од Карс, во која животот го загубија десетици илјади турски војници.
Министерот за одбрана на Турција истакна дека оваа битка е една од показателите на храброст и подготвеност на турската Војска и војниците кои беа подготвени да го изгубат животот за своите национални и духовни вредности.
Акар нагласи дека неговата земја ја продолжува одлучната борба против терористите кои сакаат да го нарушат мирот и безбедноста на народот на оваа земја.
„Нашата борба против тероризмот ќе биде продолжена сè додека во потполност не ги неутрализираме сите терористички организации кои сакаат да го нарушат мирот и безбедноста на нашиот народ, првенствено терористичките организации ФЕТО, ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ“, порача Акар.