Muhammed Ali Gürtaş
04 Јануари 2019•Ажурирај: 05 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, денес изјави дека извозот на Турција минатата година достигнал рекорд од 168,1 милијарда долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа нагласи дека извозот во 2018 година се зголемил за 7,1 отсто, во споредба со речиси 157 милијарди долари во 2017 година.
„Увозот во 2018 година е намален за 4,6 отсто и падна на 223,1 милијарда долари“, изјави Пекџан.
„Стапката на покриеност на извозот и увозот во Турција достигна 75,3 отсто минатата година, за 8,2 процентни поени од 2017 година“, додаде таа.
Според прелиминарните податоци, турската надворешно трговска рамнотежа минатата година забележа дефицит од 55 милијарди долари, што претставува значително подобрување во споредба со 76,8 милијарди долари во 2017 година.
Конечните бројки ќе бидат објавени од страна на статистичкиот орган на земјата на 31 јануари.