Faruk Zorlu
03 Јануари 2019•Ажурирај: 04 Јануари 2019
ИЗМИР (АА) - Турските безбедносни сили во турските води во 2018 година фатија вкупно 26.678 нерегуларни мигранти, при обид да стигнат во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори соопштија дека бројот на фатени мигранти на море е зголемен за 21,6 отсто во споредба со 2017 година.
Најмалку 96 мигранти починале при давење или хипотермија во Егејското, Средоземното и Црното Море во 2018 година - од кои 65 загинале во Егејското Море. Ова претставува зголемување во однос на 2017 година, кога од давење или хипотермија починаа вкупно 56 мигранти.
Поради кримучарење на луѓе во 2018 година во Турција се уапсени вкупно 87 лица.
Секоја година, стотици илјади мигранти бегаат од судирите или од економските кризи во нивните матични земји со надеж дека ќе стигнат до Европа.
Додека некои успеваат да го поминат опасното патување преку копно или море со шверцерите на луѓе, многумина се фатени од страна на безбедносните сили пред да ја преминат границата кон Европа.
Во 2018 година во водите на Егејското Море фатени се вкупно 25.398 мигранти, што претставува 95 отсто од вкупните мигранти кои дојдоа по морски пат.