Ekipa
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Четвртиот турски брод за сондажни истражувања ќе започне со своите операции во Средоземното Море во месец август, соопшти денеска турскиот потпретседател Фуат Октај, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бродот за сондажни истражувања „Абдулхамид Хан“ би требало да започне со операции во Средоземното Море следниот месец“, рече Октај на церемонијата што се одржа во Турската Република Северен Кипар по повод 20 Јули, Денот на мирот и слободата.
Со својата техничка опременост и физички карактеристики, „Абдулхамид Хан“ ќе служи како најмоќен брод од флотата од „Сината татковина“ на Туркије - поморски регион заснован на суверените права на земјата.
Бродот е долг 238 метри, широк 42 метри, а тежи 68.000 бруто-тони со максимална длабочина на дупчење од 12.200 метри. Висината на кулата е 104 метри, додека капацитетот на бродот за екипаж е 200 лица.
Туркије презема активности за дупчење во своите територијални води во последните четири години.