14 Септември 2019•Ажурирај: 16 Септември 2019
СРЕДОЗЕМНО МОРЕ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Шихофер, изјави дека Германија е подготвена да прифати една четвртина од мигрантите спасени во близина на италијанскиот брег, додека во Европската Унија се обидува да пронајде решение по повод повторениот апел од бродовите на хуманитарните организации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Германија и другите земји на ЕУ се залагаат за пронаоѓање на барем привремено решение за мигрантите спасени во Средоземното Море, а министрите за внатрешни работи на тој блок требаше да се состанат на 23 септември во Малта.
Во интервју за весникот „Сидојче цајтунг“ (Sueddeutsche Zeitung), Шихофер изјави дека преговорите се во тек, но дека доколку сѐ остане како што е разговарано, тие можат да преземат 25 отсто од спасените луе на море во близина на Италија.
Тој додаде дека во пракса Германија до денес веќе го презела тој процент на луѓе.
Хуманитарниот спасувачки брод „Оушн викинг“ (Ocean Viking) со 82 мигранти соопшти дека добил дозвола да застане на италијанскиот остров Лампедуза.
Овој брод, кој деновиве бара пристаниште за да застане, го водат две хуманитарни организации - „Лекари без граници“ и „СОС Медитеран“.
Околу 50 мигранти на бродот беа спасени од гумен чамец управуван од шверцери од Либија. Уште 34 мигранти беа спасени ден потоа од Средоземното Море. Во меѓувреме, една бремена жена и нејзиниот сопруг беа евакуирани во Малта.