Eşref Musa,Burak Karacaoğlu,Adham Kako
14 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
ИДЛИБ (АА) - Асадовиот режим во Сирија изврши напади врз населените места во градот Идлиб кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, при што животот го загуби еден цивил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Асадовиот режим изутрина изврши копнени напади во различни места во Идлиб, како Кефренбил, Кефер Сеџне, Хас, Кириса, Термела и Маритирме.
Според информациите добиени од изворите на Цивилната одбрана, во артилерискиот напад на режимот смртно настрадал еден цивил во Хас.
Се вели дека во нападот биле повредени и цивили, кои потоа биле пренесени во здравствени центри од страна на тимовите на Цивилната одбрана.
Инаку, во нападите на режимот и Русија извршени од 17 септември 2018 година кога беше потпишан Договорот меѓу Турција и Русија, досега во зоната за деескалација во Идлиб животот го загубија над 1.300 лица.