Orhan Onur Gemici
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
АНКАРА - На отворено море во Медитеранот се случи земјотрес со интензитет од 5,5 степени, известува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени на веб-страницата на турското Претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби, во 08:07 часот е регистриран земјотрес со интензитет од 5,5 степени, чиј епицентар бил во Медитеранот.
Земјотресот бил на длабочина од 15 километри, на 383,84 километри од местото Дача во турската област Мугла.