Ekipa
12 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Државната иранска телевизија објави дека јужната провинција Керман е погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во близина на населеното место Хајдак, околу 700 километри јужно од Техеран.
Се додава дека земјотресот бил на длабочина од десет километри и дека нема информации за жртви или за материјална штета.
Геолошкиот завод на САД забележа потрес со магнитуда од 5,9 степени.
Во ноември оваа година, западниот дел на Иран беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер, во кој загинаа повеќе од 600 лица.
Во земјотресот со јачина од 6,6 степени во 2003 година беше срамнет историскиот град Бам, а загинаа околу 26.000 луѓе.