Ahmet Gençtürk
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа осум терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, се соопштува од турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа цел на турските единици за огнена поддршка откако ја нападнаа зоната на операцијата „Штитот на Еуфрат“ со минофрлачи и повеќекратни ракетни системи за лансирање (МРЛС)“, објави Министерството на Твитер.
„Сите возила кои терористите ги користеле во нападот се исто така уништени“, додава Министерството.
Исто така, од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња.