Турција, живот

Од семе до уникатна трпеза: Во гастрономскиот сектор, популарноста на јадливите цветови зголемена во последните години

Во последните години, јадливите цветови го привлекоа интересот на готвачите, но и на индивидуалните потрошувачи, и тие наоѓаат сè поголемо место во кујните, не само поради нивниот визуелен изглед, туку и поради разновидните вкусови што ги нудат

Yiğithan Yıldız  | 19.02.2026 - Обновена : 19.02.2026
Од семе до уникатна трпеза: Во гастрономскиот сектор, популарноста на јадливите цветови зголемена во последните години Фото: Orhan Çiçek/AA

АНТАЛИЈА (АА) - Јадливите цветови што се користат за декорација на чиниите во професионалните кујни во Турција, со зголемениот интерес во гастрономскиот сектор, почнаа да се истакнуваат и на саеми, самити и средби како дел од индустријата, јавува Анадолу.

Во последните години, јадливите цветови го привлекоа интересот на готвачите, но и на индивидуалните потрошувачи, и тие наоѓаат сè поголемо место во кујните, не само поради нивниот визуелен изглед, туку и поради разновидните вкусови што ги нудат.

На Меѓународниот самит за инвестиции и угостителство во туризмот и гастрономијата (ФСАМИТ), одржан во Анталија, јадливите цветови беа меѓу производите кои привлекоа големо внимание.

Елиф Еруст, претставничка од петтата генерација на компанија што произведува свеж зеленчук и цветови, за Анадолу изјави дека произведуваат 200 различни видови на јадливи цветови, микробилки (никулци), готови салати и мини производи.

Еруст посочи дека побарувачката доаѓа и од професионалните кујни и од домаќинствата, додавајќи:

„Јадливите цветови заземаат сè поголем дел во кујните, се користат повеќе во домовите и побарувачката од маркетите е зголемена. И во ХоРеКа (угостителската индустрија), како што шефовите стануваат посвесни, нашите производи сè почесто се користат за декорација на чиниите.“

- Секој вид цвет има свој уникатен вкус -

Еруст нагласи дека јадливите цветови не се само декоративни, туку се избираат и поради нивниот вкус, бидејќи секое растение нуди поинакво гастрономско искуство.

Објаснувајќи дека ароматите на цветовите им даваат различни вкусови на јадењата, таа рече:

„Нашиот цвет темјанушка е еден од најкористените видови. Бидејќи нема изразен вкус и мирис, може лесно да се користи и во торти и во многу јадења. Неговата поинтензивна боја во однос на другите цветови го прави практичен и корисен.

Електричниот цвет, пак, при првиот вкус создава изразено чувство на свежина во устата и ги потиснува претходно консумираните вкусови, како на пример, кафе, помагајќи појасно да се почувствува аромата на јадењето.

Нашиот цвет од слива има вкус на зелена слива и особено се користи во кисели салати и јадења каде што доминира кисел вкус.

Пролетниот цвет, иако е мал по изглед, создава чувство како да сте ставиле лажица шеќер во устата и додава сладок и пријатен аромат.“

Елиф Еруст додаде дека цветот на латинчето има вкус сличен на добрејка и рукола, па затоа често се користи со рибни производи.

- Контролирано производство од семе до трпеза -

Јадливите цветови не треба да се мешаат со стандардните декоративни растенија, додека производството мора да се одвива во услови соодветни за човековото здравје уште од фазата на семе.

Таа истакна дека е важно производите да се одгледуваат согласно со стандардите за добра земјоделска практика, ГлобалГАП и ИСО, и дека преку соодветни земјоделски практики се контролира безбедноста на храната.

Еруст исто така, ја нагласи потребата од одржување континуитет во производството и зачувувањето на свежината, додавајќи дека компаниите кои работат во оваа област мора да располагаат со силна логистичка и дистрибутивна инфраструктура. Таа додаде дека соработуваат со централни магацини и ланци на маркети низ Турција за да овозможат дневна испорака, со што производите стигнуваат свежи до потрошувачите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın