İzzet Taskiran
22 Септември 2017•Ажурирај: 22 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Од приватниот авион што синоќа при слетувањето на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул излета од пистата и се запали, останаа само делови, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот на авионот, кој од сѐ уште непознати причини излета од пистата, беше изгасен со брза реакција од противпожарните екипи.
По пожарот, авионот е неупотреблив. Во текот на денот, увид на теренот ќе направат екипи од Министерството за сообраќај на Турција, и остатоците ќе ги отстранат од кругот на аеродромот.
Поради авионската несреќа синоќа дојде и до привремен застој во авионскиот сообраќај на аеродромот „Ататурк“.