Турција

Аеродромите во Турција во ноември ги користеле околу 11,3 милиони патници

Бројките за ноември се речиси двојно зголемени во споредба со минатата година кога пандемијата на коронавирусот го зафати целиот свет

Tuba Onğun  | 07.12.2021 - Обновена : 08.12.2021
Аеродромите во Турција во ноември ги користеле околу 11,3 милиони патници

АНКАРА (АА) - Аеродромите во Турција во ноември 2021 година ги користеле околу 11,3 милиони патници, соопшти денес држвната агенција за воздушен сообраќај, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Бројките за ноември се речиси двојно зголемени во споредба со минатата година кога пандемијата на коронавирусот го зафати целиот свет, соопшти Генералниот директорат на Државната управа за аеродроми (ДХМИ).

Бројките беа блиску до нивото пред пандемијата од 14,5 милиони од ноември 2019 година.

Околу 6,3 милиони патници користеле домашни летови, додека пет милиони патувале со меѓународни летови.

На аеродромите во ноември годинава опслужувале 127.512 авиони, од кои 60.978 на домашни линии и 39.017 на меѓународни летови.

Во извештајот на Генералниот директорат на Државната управа за аеродроми се наведува дека товарниот сообраќај минатиот месец достигнал 285.370 тони.

Аеродромот „Истанбул“ го користеле 3,8 милиони патници на меѓународни и домашни линии, опслужувајќи повеќе од 27.391 авион во ноември.

Во периодот јануари-ноември бројот на патници кои патувале низ турските аеродроми достигна 118,4 милиони.

Турските аеродроми во 11-те месеци од оваа година користеле 1,3 милиони авиони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.