Burak Karacaoğlu
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ИДЛИБ / АНКАРА (АА) - Конвој од возила на Турските вооружени сили (TSK) во Идлиб, Сирија, каде што престојуваат турските вооружени сили во мисија на набљудување на зоните без судири, е нападнат со проектил од рачен фрлач, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектилот детонирал на оддалеченост од околу 30 метри од возилата.
Во нападот нема настрадани, а на возилата не е причинета материјална штета. Припадниците на турската војска презедоа безбедносни мерки на подрачјето на Дарет Изe, каде што се случи нападот.
Идлиб, главен град на истоимената покраина во северозападниот дел на Сирија, на состанокот на 4 и 5 мај минатата година во Астана беше прогласен за зона без судири. Земјите-гаранти на примирјето Турција, Русија и Иран на 14 и 15 септември се договорија за границите на зоните без судири, а единиците на турската војска во мисија во Идлиб се распоредени на 12 октомври. Турските сили моментално се активни на три набљудувачки локации.
Напад на турските сили со минофрлачки проектил претходно имаат извршено припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК, кои се наоѓаат во Африн, на сириско-турската граница.