Sorwar Alam
08 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
ТОКАТ (АА) - Од канцеларијата на јавниот обвинител во северен Токат денес се издадени налози за апсење на 34 осомничени лица, вклучувајќи 19 војници, поради сомнение за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, велат судски извор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во осомничените спаѓаат четири имами на ФЕТО за војската, вели изворот кој зборуваше под услов на анонимност.
Единиците на жандармериската команда во областа покренаа операција за апсење на осомничените во 17 области.
Истата канцеларија издаде налози за апсење на уште 11 лица, меѓу кои судии, обвинители и адвокати, како дел од тековната истрага за судиите и обвинителите поврзани со ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО преку инфилтрираните поданици во редовите на турската војска, полицијата и во другите институции на 15 јули 2016 година се обиде да изврши воен удар во Турција, при што загинаа 250 лица, а беа повредени околу 2.200 лица.