Турција

МНР на Турција: „Грција настојува да ги прикрие кршењата на човековите права и злосторствата врз азилантите“

- Портпаролот на турското МНР, Хами Аксој, реагираше на пишаната изјава на вчерашните изјави на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и европскиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Џозеп Борел

Zuhal Demirci  | 25.06.2020 - Обновена : 26.06.2020
МНР на Турција: „Грција настојува да ги прикрие кршењата на човековите права и злосторствата врз азилантите“

АНКАРА

Грција под покровителство на Европската Унија (ЕУ) настојува да ги прикрие кршењата на човековита права и злосторствата над азилантите. Наместо што ја обвинуваат Турција, ги повикуваме ЕУ и Грција да ги исполнат своите обврски и да ги почитуваат правата на барателите на азил, соопшти турското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, реагираше на пишаната изјава на вчерашните изјави на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и европскиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Џозеп Борел, во врска со мигрантите на турската граница.

„Изјавите на Дендиас на турско-грчката граница вчера со високиот претставник на ЕУ, Борел, пред сѐ се нова манифестација на напорите на Грција за прикривање на човековите права и злосторствата против барателите на азил под покровителство на ЕУ“, наведе Аксој.

Тој потсети на изјавата на комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, дека „заштитата на достоинството на бегалците е морална и законска обврска што земјите членки мораат да ја почитуваат“, и рече:

„Наместо да ја обвинуваат нашата земја, ги повикуваме ЕУ и Грција да ги исполнат своите обврски и да ги почитуваат правата на барателите на азил. Изјавите на Дендиас за Егејското Море и источниот Медитеран се целосно неповрзани. Грција конечно треба да се разбуди од сонот во кој смета дека на своите брегови може да ги затвори Јужен Кипар и Турција и да сфати дека такво нешто е спротивно на меѓународното право.“

Тој истакна дека Грција нема да има корист од воспоставување зли сојузи против Турција и злоупотреба на ЕУ.

„Наместо тоа, треба да ги почитува легитимните права и интереси на Турција. Грција треба да се обиде да ги реши работите со разговор со нас, наместо да се надева во барање помош од другите. Тоа е она што го бараат и меѓународното право и соседството“, заклучи Аксој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın