Duygu Yener
25 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер ја погоди денеска источната турска област Ван, јавува Агенција Анадолија (АА).
Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во подрачјето Озалп и тоа на длабочина на тлото од 6,9 километри.
Земјотресот се случил во 13:03 часот по локално време, а се почуствува во неколку соседни градови.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, соопшти дека досега нема информации за последиците од земјотресот.
„Според првичните информации се чини дека во центарот на Озалп немало штета. Во тек е собирањето на информации од руралните региони и досега пристигна само една дојава за оштетената куќа. Тимовите на АФАД и надлежните служби на областа се на терен и ќе ја известат јавноста за деталите“, наведе Сојлу во порака на Твитер.