Nazlı Yüzbaşıoğlu
05 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
АНКАРА/АНТАЛИЈА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу се состана со министерот за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдурахман Ал Тани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу кој се наоѓа во Анталија се состана со катарскиот колега Ал Сани, во рамките на подготовка на шестиот состанок на Високиот стратешкиот комитет Турција - Катар.
Оценувајќи го состанокот на својот профил на социјалната мрежа Твитер, министерот Чавушоглу рече дека со неговиот катарски колега разговарале за подготовката на шестиот состанок на Високиот стратешкиот комитет Турција - Катар.
„Ги проценивме чекорите што дополнително ќе ги зајакнат нашите одлични односи. Ги потврдивме нашите согласувања за регионални и меѓународни прашања“, додаде Чавушоглу.