Ayşe Hümeyra Atılgan
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турскиот Парламент, Исмаил Кахраман, денес изјави дека периодот со удари во Турција завршил, јавува Anadolu Agency (AA).
Кахраман им рече на собраните претставници дека приоритет е да се создаде „граѓански, демократски, либерален и устав ориентиран кон граѓаните".
Турскиот парламент се отвори денес за својата втора законодавна сесија, со говори во кои фокусот беше на смртоносниот обид за државен удар кој се случи пред два месеци.
„Народот на 15 јули ноќта покажа дека веќе ја усвоил демократијата и дека никогаш веќе нема да дозволат таков обид ”, вели Караман во својот говор на отворањето.
Тој остро ги критикуваше пучистите и ги опиша како „терористичка група маскирана во армиска униформа чија мета е постоењето на Турција” .
Осврнувајќи се на бомбашкиот напад во парламентот за време на обидот за државен удар, тој изјави зградата била сериозно оштетена.
Обновувањето веќе започна, вели тој, додавајќи дека еден дел ќе остане оштетен како „ жив музеј”.
Караман го предупреди народот за „внатрешните и надворешни закани” , и ги критикуваше терористичките организации ПКК, ДАЕШ и ФЕТО, која е обвинета за спроведување на обидот за државен удар на 15 јули.
„ Како Големо Народно Собрание на Турција, ние ќе го направиме нашиот дел во вистинската и определена борба против тероризмот”, нагласи тој.
Во врска со напорите на новиот турски устав, претседателот на парламентот изјави дека таквиот потег бил очекување на јавноста како и ветување на народот од страна на политичките партии.
Парламентот кој беше на летна пауза од 20 август, беше свикан во турскиот главен град Анкара за својот 26-ти законодавен рок.
На првиот ден од новата законодавна сесија, генералното собрание разговара за проширувањето на турското воено присуство во Сирија и Ирак.
Ваков мандат беше даден на Турските вооружени сили од страна на парламентот во 2014 година и беше продолжен за една година во семптеври 2015.