Kubilay Çelik
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека безвизниот режим кој ЕУ го вети на Турција овој месец треба да стапи на сила,но дека ставовите на Унијата јасно укажуваат деа нема да го одржи зборот кој го даде на неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган им се обрати на турските парламентарци на првата седница на Големото народно собрание на Република Турција по летната пауза, а во таа прилика се осврна на актуелните случувања во Турција.
„Безвизниот режим кој Европската унија (ЕУ) го вети на нашата држава треба да стапи на сила овој месец. Ако ги слушнеме изјавите од Унијата, темите како борбата против тероризмот се од исклучителна важност за Турција, се обидуваат да ги покажат како предуслов. Отворено зборувам, ваквиот став е знак дека ЕУ не сака да го одржи зборот кој го даде на Турција. Пак отворено зборувам, тоа е ваша одлука", порача Ердоган.
Зборувајќи за борбата против тероризмот, Ердоган истакна дека во последно време може да се примети недоследност во политиката на САД кон регионот на Блискиот исток.
„Во последно време може да забележиме недоследност во политиката на Соединетите Американски Држави (САД) кон нашиот регион. Еден дел од американската администрација упорно работи заедно со терористичките организации ПКК / ПЈД-ЈПГ во Сирија и Ирак, додека другиот дел води една политика која е блиска до нашите чувствителни точки", рече Ердоган.
Турскиот претседател се осврна и на обидот за државен удар на 15 јули и рече дека турскиот парламент на 15 јули беше погоден и оштетен, а со тоа се здоби со статус на ветеран, за прв пат по Ослободителната војна. Порача дека сите оние кои јасно не го осудат обидот за пуч од 15 јули оваа година се соучесници во истиот.